Граѓани да го поддржат референдумот. Тој мора да успее зошто Македонија нема друга опција за просперитет и светла иднина. Ваква порака упати вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев синоќа од прославата за поканата за членство во НАТО од Велес.
 
– Ние 25 години гледаме што се случува бидејќи толку години тапкаме во место и сметам дека е време да тргнеме напред. Услов да се тргне напред е ова решение кое го нуди Македонија во соработка со сите меѓународни пријатели. Да не беше поддршката од меѓународната заедница и да не беше храброста на државата немаше да дојде до ова. Јас им се заблагодарувам на сите граѓани коишто ова го поддржуваат. Воедно се заблагодарувам и на меѓународната заедница, затоа што помогна во овој период ние како држава и граѓани тоа да го препознаеме. Тоа е историска шанса која треба да ја искористиме. Мислам дека други вакви шанси нема да имаме – потенцира Анѓушев.