Али Ахмети на четвртиот изборен партиски конгрес на ДУИ што се одржа вечерва, повторно е избран за лидер на партијата.
-Се заблагодарувам за довербата што ми ја дадовте едногласно да бидам на чело на ДУИ следните четири години. Ве уверувам дека ќе ве претставувам со дигнитет како и досега така и во иднина – рече Ахмети.
На конгресот ДУИ донесе одредени статуарни промени, се избраа нови партиски тела и се усвоија декларација и пет резолуции кои се однесуваат на консензуална интеграција, ветинг, квалитетен живот, развој и работни места и младите на прво место.