Албанскиот Парламент со 130 гласа „за“ го ратификува пристапниот Протокол за членството на Република Северна Македонија во НАТО.
Пленарната седница на Собранието на Република Албанија почна со едноминутен молк во знак на жртвите од сообраќајната несреќа кај Ласкарци.
На седницата присуствува и претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери, и амбасадорот Данчо Марковски.
Спикерот Грамоз Ручи изрази задоволство што албанскиот Парламент е меѓу првите парламенти што го ратификува овој протокол и дека Северна Македонија поминала низ многу предизвици до овој момент.
-Ова пристапување се оствари благодарејќи на Преспанскиот договор меѓу двете наши соседски земји, верена Македонија и Грција. Ова не би било можно без политичката волја и храброст и еманципација на Албанците на Северна Македонија. Ми претставува задоволство што Собранието на Република Албанија е од првите парламенти што го ратификуваат овој протокол кој ќе овозможи пристап на Северна Македонија во НАТО. Овој голем чекор беше овозможен преку Преспанскиот договор. Парламентите на двете земји покажаа голема политичка одговорност, разбирајќи дека недоразбрањето го чуваше во заложништво пријателството меѓу двете земји, како и евроатланскот пат на Северна Македонија – рече меѓу другото Ручи.