Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, за национални координатори.
– Владата денеска го разреши м-р Роберт Алаѓозовски од должноста Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и го именуваше за Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, а Роберт Поповски е именуван за Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност – соопштија од Владата.