Ученици запоседнаа 55 гимназии во северниот дел на Грција, во знак на протест против ратификацијата на Преспанскиот договор, пишува електронското издание на весникот „Прототема“.
Според истиот извор, најмногу училишта се окупирани во Пела, 22 од вкупно 49-те во тоа населено место.
Уште 11 гимназии се запоседнати во западните делови на Солун и едно на истокот на градот. Три училишта се блокирани на Халкидики, четири во Кукуш и пет во Пиерија.