Вчера се одржа и 18-та годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, на која обраќање имаа претседателката на Унијата на жени Благица Ласовска и кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова.
– Во Република Македонија за нешта што никој нема право сам да ги решава, решаваа неколкумина. Нивните зборови споредени кога биле опозиција и сега, во дилема сум дали се работи за исти луѓе, бидејќи тоа што го ветиле не го исполниле. Политиката може да ја загрози не само државноста, да не води сметка за идентитетот, туку, како што вели еден британски лорд, „политиката може да расипе, може да корумпира и апсолутната политика може да расипе и корумпира“ – кажа Силјановска на конференцијата, додавајќи дека не смее политиката да биде во рацете на неколкумина и не смее таа да биде само еднострана и да нема критика.