Осудениот криминалец Никола Груевски самиот потврди за себеси дека е срам и кукавица. Во страв од соочување со одговорноста за криминалот Груевски побегна на подмолоен начин, се вели во соопштението од владејачката СДСМ.
Соопштението уследи по објавениот фејсбук статус на поранешниот премиер, во кој тој соопштува дека се наоѓа во Будимпешта, каде што побарал политички азил.
– Криминалецот Груевски го допре дното, падна на најниско можно ниво. Со кукавичкото бегство, лажниот патриот, криминалецот Груевски покажа дека останува верен на каузата на криминалот што со години го приредуваше. Никола Груевски е срам за јавноста и срам за ВМРО-ДПМНЕ – велат од СДСМ.
Од оваа партија побараа од институциите да утврдат и да соопштат кој е одговорен за ова.
– Зошто не е одреден притвор или друг начин на обезбедување? Зошто со денови се чекаше и не се побара на време од МВР потерница, за да може да се активира одделот за потраги – прашаа од СДСМ.