Еди Рама стои зад критиките кон ЕУ што ги кажал деновиве, зашто Унијата не успева да ги исполни сопствените ветувања. Ова го истакна тој во интервју со поранешниот специјален пратеник на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, Ричард Гренел.
– Од една страна, тие велат дека сме подготвени да започнеме формални разговори, свикувајќи ја првата меѓувладина конференција а од друга страна, Советот на ЕУ не е во состојба да донесе одлука. Ова има врска со некои прашања поврзани со Северна Македонија и Бугарија, но, повторно, за нас е доста фрустрирачко и истовремено покажува многу, да бидам искрен, бидејќи лошото во ова е што се навикнуваме на фактот дека ЕУ повторно и повторно не ги исполнува своите ветувања – рече Рама.
Тој образложи дека ЕУ се потпира на механизам за донесување одлуки со целосен консензус и доволно е една од земјите да има проблем и во овој случај, прашањето е меѓу Бугарија и Македонија и се’ е разнесено во воздух.
– Тоа е идентично како да се чувствувате како дел од продолжение на делото на Самуел Бекет „Чекајќи го Годо“, но наместо Владимир и Естрагон, во оваа книга сме Албанија и Северна Македонија – рече Рама.