Во сенка на поднесените кандидатури за градоначалници помина поднесувањето на листите на кандидатите за состав на новиот Совет на Битола.
До предвидениот рок за членови на новиот состав на Советот на Општина Битола, 11 септември, каде има место за 31 советник, пријавени се 14 кандидатски листи на политички партии и листи поддржани од група избирачи.
Во ОИК-Битола евидентирани се кандидатурите на советничките листи предводени од група граѓани на Ремзи Медик, поддржан група избирачи, Ристенка Алтипармаковска поддржана од група избирачи и Габриела Илиевска, носител на листа поддржана од група избирачи „Поинаку”.
Листи со кандидати за советници во Советот на Општина Битола до истекот на рокот, на полноќ 11 септември, доставиле и политичките партии ДУИ, Алијанса на Албанците/Алтернатива, Левица, Македонска ера трета, Демократи, Единствена Македонија, Интегра, ТМРО, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, СДСМ и коалицијата и коалицијата на политицките партии ЛДП и ДОМ.

M.M.