Очекувам уште поубедлива победа во вториот круг, изјави кандидатот за претседател Стево Пендаровски откако гласаше на избирачко место во Автокоманда.
– Очекувам уште поубедлива победа во вториот круг, затоа што оние кои останаа дома во првиот круг, или кои гласаа за противкандидатот Блерим Река, очекувам дека ќе излезат на биралиштата и ќе гласаат. Денешниот изборен ден почна мирно и верувам дека така и ќе заврши. На тој начин ќе покажеме дека како држава сме подготвени да организираме фер, демократски и транспарентни избори, како што прилега на земја која наскоро очекува да ги почне преговорите за членство во Европската Унија – истакна Пендаровски.