Со нашата програма „Обнова на Македонија“ сериозно ќе се посветиме на зачувување на македонското национално достоинство, ќе придонесеме за силен економски развој во Македонија дури и во услови на корона криза, ќе ги зголемиме просечните плати за 25 проценти, пензиите во просек за 20 проценти, а најниските пензии и многу повеќе од тоа, ќе се погрижиме за рекордно ниско ниво на даноци од само 8 проценти, а дополнително ќе се погрижиме за привлекување на странски и домашни инвестиции. Ова меѓу другото го изјави денеска во Прилеп Александар Николовски, носител на листата на пратеници во ИЕ 4 од ВМРО ДПМНЕ.
При тоа Николоски го повика Заев да одговори пред македонската јавност дали може да го докаже за потеклото на богатството што го има со семејството.
– Го повикувам јавно Зоран Заев наместо да се заканува во напад на очај заради резултатите кој што и тој ги гледа и енергијата што стига, да одговори пред македонската јавност дали е спремен да докаже од каде потекнува неговото богатство и богатството на неговото семејство – рече Николовски, при тоа посочувајќи дека СДСМ во 2019 година донеле закон штетен за тутунарите од прилепско, за кој ќе се погрижат да биде променет и дека тутунарите ќе имаат подоинствен живот.
Ка.М.