Бугарија и Македонија до крајот на месецов ќе одржат нов круг на консултации во обид за надминување на спорот и деблокада на евроинтеграцијата на земјава, објавува МИА.
Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев истакна дека течат преговорите на експертско ниво помеѓу Скопје и Софија, додавајќи дека бугарските текстови се предадени. Токму Стоев посочи дека до крајот на месецов ќе има нов круг на консултации, со што паралелно продолжува и дијалогот со европкомесарот за проширување Оливер Вархеи.
Македонија се надева на решение по изборите во Бугарија, во полза на кое треба да биде и билатералниот протокол, кој се очекува да биде завршен до почетокот на следниот месец. Прва цел за можен договор претставува 14 декември, кога се одржува состанок на Општиот совет на Европската Унија.