Комплетно решение со ерга омнес име и уставна промена, се предусловите за договор меѓу Македонија и Грција, смета лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис кој е во Софија на Самитот на европските народни партии.
– Решението на проблемот со името, треба да биде комплетно, но и едно. А како неопходен предуслов има, не само ерга омнес, туку и уставна промена во соседната земја. И оваа уставна промена е предуслов за решение, од кое нашата земја не може да отстапи ниту милиметар – вели Мицотактис и додава дека стратешки стремеж на Грција е влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ и НАТО, но потребно е претходно да се исполнат условите, а како главен, тој ги споменува добрососедските односи.