Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис истакна дека очекува брзо свикување на меѓувладините конференции со Македонија и со Албанија, при денешната средба со бугарскиот колега Кирил Петков во Софија.
– Што се однесува до ситуацијата на Балканот, грчкиот став е дека во период на зголемени предизвици, интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е во интерес на сите. Нашата страна отсекогаш била лост за напредок во целиот регион. Пред се, најважно е добрососедството. Очекуваме брзо свикување на меѓувладините средби со РС Македонија и Албанија – порача Мицотакис.
Предвидено е двајцата премиери при нивната средба да разговараат за билатералните односи меѓу Софија и Атина и можностите за нивен уште поактивен развој.