Во македонското собрание се одржа средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, на која претседателот на опозициската партија ги презентира своите кандидати за техничката влада.
Мицковски предложил за позицијата министер за внатрешни работи да биде поставен анонимен професионалец, запознаен со работата во оваа институција.
Според Ахмети, тоа е во ред, бидејќи, како што рече, му верува на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Прифатливо е да има еден од техничките министри од албанската опозиција – порача претседателот на ДУИ.
По оваа средба, во зградата на владата ќе се одржи и состанок меѓу Мицкоски и премиерот Заев.