Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев на ТВ-дуел. Тој вели дека добил покана од две телевизии да гостува на тв дуел со Заев и дека се надева дека претседателот на СДСМ ќе биде храбар и ќе ја прифати поканата.
– Јас и двете понуди за ТВ-дуел со задоволство ги прифаќам, затоа што не бегам од соочување и не бегам од вистината, а Заев е тој кој е должен да одговори и да се соочи со фактите кои се одраз на вистината. За мене принципите и вредностите се тие кои треба да го движат општеството, а нема вистина без принципи. А народот ја чека вистината на повеќе прашања – напиша Мицкоски на Фејсбук.
– Се надевам дека Заев ќе се охрабри, нема да се крие позади скапо платените спотови, зарибана пропагандна машинерија и лажните вести и ќе прифати ТВ-дуел. Па народот нека процени, затоа што тој никогаш не греши – додава Мицкоски.