Коалициските партнери на СДСМ порачуваат
Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот, се согласиле коалиционите партнери на денешната средба која следуваше по оставката што премиерот Зоран Заев ја поднесе синоќа по објавување на првичните резултати од локалните избори.
– Коалициските партнери од парламентарното мнозинство се едногласни дека на Македонија ѝ е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза, со јасен евроатлантски курс на дејствување – се наведува во соопштението.
Како што соопшти Владата, заеднички било констатирано дека на Македонија и на граѓаните на земјата не ѝ се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции.