За уставни промени и ерга омнес решение потребна е смела одлука од премиерот Заев за да има договор, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за грчкото радио „Њуз247“.
– Всушност, во овој момент тежината за постигнување договор е навистина кај другата страна. Потребна е смела одлука од страна на премиерот Заев за двете прашања за кои имаме дискутирано, за уставни измени во врска со името и прифаќање на ерга омнес решение, за да се реши проблемот – рече Катругалос и додаде дека токму ерга омнес и промената на уставот се грчките црвени линии за да постои пакет- договор.
Сето ова, според него, е пакет и токму затоа ништо не е договорено, сѐ додека не се договори сѐ.