Италијанскиот премиер Џузепе Конте порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги отпочне преговорите за проширување на блокот кој ги вклучува Македонија и Албанија, откако ЕУ ги блокираше преговорите со овие две земји.
На прес конференција, Конте рече дека одлуката на лидерите на ЕУ на самитот во петокот да не им дозволат на двете земји да отпочнат претпристапни преговори е историска грешка.