Фото: Игор Бансколиев

Излезеноста до 11 часот изнесува 10,34 отсто, според податоците на интернет-страницата на Државната изборна комисија на (ДИК).

Досега правото на глас го искористиле вкупно 177.540 лица, покажуваат обработените податоци од 3.280 гласачки места од вкупно 3.480.

Најголема излезеност од 24,36 отсто има во Општина Новаци. Најнизок одзив до 11 часот имало во Врапчиште, каде според податоците кои досега стигнале во ДИК на гласање излегле 4,92 отсто од запишаните гласачи.

Портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугуческа извести дека гласањето тече на сите избирачки места. На одреден број избирачки места имало прекини поради проблеми со уредите за биометриска идентификација, за кои вели дека се веќе надминати.