Кабинетот на претседателот во заминување, Ѓорге Иванов, побарал од владината Служба за општи и заеднички работи да му бидат доделени канцеларии во населба во Скопје.
Неговото барање било одобрено и Иванов ќе ги користи канцелариите по престанокот на функцијата. Мандатот на Иванов истекува на 12 мај.
По престанокот на функцијата, Иванов има право на пензија колку што изнесува претседателската плата, канцелариски простор, тројца соработници, лично обезбедување, службено возило и личен возач. Сето ова веќе десет години го користи и поранешниот претседател Бранко Црвенковски.