Премиерот Зоран Заев ја отфрли можноста за одржување на предвремени парламентрни избори заедно со локалните, а нагласи дека пописот дефинитивно ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава.
Според Заев, дебата за пописот се води од 2012 година и повеќе нема потреба од дебатирање на оваа тема. Попис треба да се одржи час поскоро, дециден е Заев.
– Доста беше дебатирање, дајте да седнеме да го завршиме тој попис. Ниту ќе смени нешто во ржавата, ниту ќе скрати, ниту ќе дополни одредени предности, правила, привилегии или било што. Ќе даде статистички податоци кои се многу важни за идното планирање во државата – рече Заев.
Премиерот додаде дека обрска на секој граѓанин е да се попише и најави санкции за граѓаните кои нема да сакаат да се попишат.
Тој ги повика граѓаните, институциите и граѓанските огранизации на сериозен пристап кон пописот.
Во однос на изборите на кои инсистира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека нема да има парламентарни избори заедно со локалните. Тој ги повика партиите кои сметаат дека има потреба од предвремени избори, да се изјаснат јавно.
– Завршија изборите и изгуби ВМРО ДПМНЕ. Зошто сега повторно да одиме на предвремени парламентарни избори? Затоа што така мисли Мицкоски? Не, нема потреба да одиме, нема причини зошто да одиме – рече Заев.