На полноќ помеѓу саботата и неделата заврши собирањето потписи за кандидатите за претседател на државата.
Потребните 10.000 потписи, како што беше потврдено, ги собраа Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река, со што тие, засега се сигурни кандидати во претседателската трка.
За шестите претседателски избори потписи собираа и Филип Петровски, Димче Петровски, Јосив Мирчевски и Господин Попоски.
Се очекува Државната изборна комисија, по пребројувањето на потписите, да излезе со соопштение за бројката на кандидати што го исполниле условот.
Собирањето потписи започна на 23 февруари.
Кандидатите за претседател на Републиката до Државната изборна комисија треба да ги поднесат кандидатурите најдоцна до 21 март, а изборната кампања треба да почне на први април. На 14 март истекува и рокот за увид во избирачкиот список и за пријавувањето за гласање на дијаспората.
Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.
П.Р.