ЕУ на 17 февруари ќе одржи донаторска конференција во Брисел за да се помогне во реконструкцијата на штетите по земјотресот во Албанија, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
– ЕУ со задоволство може да најави дека донаторска конференција за Албанија ќе се одржи на 17 февруари. Конференцијата е организирана по катастрофалниот земјотрес, со желба да и помогнеме на Албанија во реконструкцијата – рече Фон дер Лејен при посетата на Загреб.
Европската комисија објави дека на донаторската конференција ќе учествуваат ЕУ, земјите членки, партнерите од Западен Балкан, претставници на други земји, како и меѓународни институции, вклучително и Обединетите нации и Светската банка.
Во земјотресот што ја погоди Албанија на 26 ноември 2019 година загинаа 51 лице, повеќе од 1.000 лица беа повредени, а 14.000 се привремено раселени.
Уништени се и јавна инфраструктура, но и голем број приватни имоти.