Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе има средба со европратеникот Илхан Кјучук, известител во Европскиот парламент за Македонија, кој е во дводневна посета на земјава.
Посетата се реализира во пресрет на гласањето кон нацрт – Резолуцијата за Македонија во Комитетот за надворешни работи во рамките на Европскиот парламент, што ќе биде и централна тема на сите средби. Ќе бидат отворени европските перспективи на земјава, како и севкупните состојби со процесот на проширување на Унијата.
Во рамките на посетата, покрај Министерот за надворешни работи, Кјучук ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Зоран Заев, претставници на парламентарните групи и други државно – политички претставници.