Фото: Зоран Антоски

На денешните предвремени локални избори , што се организираат во општина Пласница, до 15 часот своето демократско право на глас го искористија 1658 граѓани или во проценти изразено 33.40 отсто од граѓаните , го дадоа својот глас за еден од двајцата кандидати.

-На денешните предвремени локални избори што се организираат во нашата општина, излезноста на гласачите е задоволителна и до 15 часот своето демократско право на глас го искористија 1658 граѓани или 33, 40 отсто , што значи дека е исполнет цензусот неопходен за локални избори. До затворањето на избирачките места преостануваат нешто повеќе од три часа и се очекува излезноста да биде уште поголема. Инаку сите 8 избирачки места се навреме отворени, нема инциденти ниту забелешки од страна на посматрачите, да очекуваме во таков амбиент ќе протекнат изборите до затворање на избирачките места во 19 часот – истакна Едисен Зеќироски , претседател на ОИК за општина Пласница, каде на единствениот избирачки список се запишани вкупно 4 954  граѓани.

З.А