Одзивот два часа пред затворањето на избирачките места е 45,77 отсто. На 3.463 гласачки места до 19 часот гласале 830. 370 граѓани.
Во Изборната единица 1 одзивот е 47,4 отсто, во Втората изборна единица одзивот е 43,4 отсто, Третата изборна единица има одзив од 51,52 отсто, Четвртата изборна единица има одзив од 63,24 отсто, во Петтата изборна единица на гласање излегле 44,89 отсто и во Изборната единица 6 на гласање излегле 35,49 отсто од запишаните гласачи во Избирачкиот список.
– Општини со поголем одѕив во Првата изборна единица се Македонски Брод со 64,68 отсто и Сопиште со 63,64 отсто. Во Втората изборна единица се издвојува Бутел со 47,2 отсто и Ѓорче Петров со 47, 56 отсто. Во Изборната единица 3 се издвојуваат Берово со одѕив од 56,45 отсто, Лозово 65,25, Ранковце со 60,37 отсто. Во Четвртата изборна единица се издвојуваат Гевгелија со 62,17 отсто, Демир Капија 62,31 и Неготино 62,98 отсто. Во Петтата изборна единица се издвојува Вевчани со 64,11, Кривогаштани со 63,1 и Демир Хисар со одѕив од 62,98 отсто во Шестата изборна единица со поголем одѕив се Брвеница со 35,23 отсто, Јегуновце со 40,52 отсто и Тетово со 40,93 отсто – соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија.
Во ДИК нема нови приговори и пријави по 17.30 часот, а се прави анализа колку траел прекинот на гласањето во Липково за да се утврди дали гласањето ќе биде продолжено за онолку колку што траел прекинот. Портпаролот Шабани објасни дека доколку се утврди дека прекинот траел повеќе од еден но помалку од три часа, гласањето ќе биде продолжено и по 21 часот. Според Изборниот законик доколку прекинот е подолг од три часа, гласањето не продолжува.