Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, објави дека имала средба со претставници на Алијанса за Албанците и Алтернатива.
– Конструктивна средба со Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијанса за Албанците, доктор и актуелен градоначалник на Гостивар и Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир од Алтернатива. Разговараме за идеите и решенијата за Скопје за новата програма за градот. Заедно заклучивме дека се неопходни квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани – напиша Арсовска на Фејсбук.
Минатата недела, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека неговата партија ќе коалицира со Алијанса за Албанците и Алтернатива на претстојните локални избори во октомври.