Рускиот амбасадор при Европската Унија, Владимир Чизов, се осврна на Преспанскиот договор во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, за време на економскиот форум што неодамна се одржа во Делфи, Грција.
– Ние отворено бевме против договорот, бидејќи ова не е начин за решавање на проблемот. Без разлика колку и да делува бесмислено прашањето за името за остатокот од светот, тоа требаше да биде решено одамна. Им кажував на моите грчки и македонски пријатели, дека колку подолго ќе одолговлекуваат, толку повеќе нивните позиции ќе бидат зацементирани. Денеска го слушав Кирјакос Мицотакис како вели оти 70 отсто од Грците сметаат дека договорот е лош. Сличен дел од населението на Северна Македонија е против. Дали ова е демократски начин за решавање на проблем? Македонскиот Устав беше прекршен, референдумот беше прогласен за неважечки, претседателот не го потпиша договорот, и сега моите колеги во ЕУ велат дека ова може да послужи како урнек за решавање на други прашања. А прво што ми паѓа на ум е Косово, кое впрочем, е многу компликувано прашање. Ако се договорот, размената на територии може да успее. Но ова може да воспостави преседан, кој би можел да предизвика проблеми и во Северна Македонија, каде Албанците претставуваат значителен дел од населението – објаснува Чизов.