Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Aртан Груби, се сретна со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај.
На оваа средба, двајцата соговорници разменија мислења за актуелните политички теми во земјата и регионот. Двајцата заедно високо ја пофалија соработката меѓу Скопје и Тирана, која е одлична.
Првиот вицепремиер Груби истакна дека Република Северна Македонија е многу посветена на исполнувањето на потребните реформи и задачи со цел што побрзо да се постигне отворањето на преговорите со Европската Унија.
Министерот за Надворешни работи на Република Албанија, Цакај, му честита на првиот вицепремиер Груби за успешното спроведување на клучните политики кои се во прилог на сите граѓани во Република Северна Македонија.
Цакај, исто така, му кажа на Груби дека Северна Македонија не е само една соседна земја, туку е и пријателска земја и стратешки партнер со која имаме изградено односи преку дијалог и добра соработка. Целосното членство на Северна Македонија во НАТО и заедничкиот пат кон Европската Унија се додадена вредност за развојот на регионот и особено за мирот и стабилноста.
На крајот на средбата, Груби и Цакај разговараа и за начинот на либерализација на движењето на граѓаните, односно враќањето кон нормалноста на граничните премини, земајќи го како пример слободното движење меѓу Република Северна Македонија и Албанија. Груби му рече на Цакај дека очекува за краток временски период истото слободно и безусловно движење да се спроведе и со Република Косово и другите соседни земји.