СДСМ за кандидат за градоначалникот во Прилеп го предложи Горан Сугарески, поранешниот директор на Царината и поранешен министер за транспорт и врски.
Сугарески на неговиот фејсбук-профил посочи дека доаѓа време кога целото негово искуство, стекнато знаење и вештини, ќе ги посвети исклучиво на Прилеп и на прилепчани.
– Од денеска па натаму, се соочуваме со предизвикот на претстојните локални избори заедно да оствариме голема и сенародна победа, во која сите ќе се вградиме и со која ќе се гордееме. Јавно се обврзувам, дека нема да делам, туку ќе обединувам. Немам предрасуди спрема никого. Ги препознавам и почитувам разликите. Искрено ја почитувам конкуренцијата и дека сум подготвен секоја добра идеја да ја интегрирам во мојата изборна програма. Бидејќи мојата цел е да бидам градоначалник на, без исклучок, сите граѓани на општина Прилеп – посочи Сугарески на Фејсбук. Ка.М.