Од ОИК Прилеп информираат дека во Прилеп, на 15 минути пред затворање на избирачките места, излезеноста е 60 проценти. Се гласаше на141 избирачко место со запишани 63.436 гласачи.
Гласањето цел ден се одвиваше мирно изјави претстедателот на ОИК Валентин Божиновски, освен проблемите со фингерпринтерите кои не читале одредени податоци, па така одредени лица морале да гласаат со УВ-ламба и со спреј. Ка.М.