ВМРО-ДПМНЕ денеска до седиштето на СДСМ достави копија од Извештајот за конечниот резултат од референдумот на 30 септември објавен во Службен весник 2018 година, каде, како што изјави партискиот портпарол Наум Стоилковски, стои дека одлуката за прифаќање на Договорот од Преспа за натамошни евроинтеграции не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.
– Тоа значи дека повеќе од половината гласачи, и покрај поткупот, уцените, заканите и манипулациите, го отфрлиле капитулантскиот договор. Во таков случај, според Уставот, власта мораше, потенцирам, мораше, да го напушти договорот и заради пропаста на нејзината политика, да распише избори. Се по 30 септември е дополнително силување на демократијата, силување на граѓаните, силување на државата. Моментното премолчено одобрување од мнозинството на социјалдемократите и од стручната јавност, веројатно предизвикани од страв и уцени, наскоро ќе стане претешко петно, кое ќе се зголемува со секое договорено бришење на историјата и преименување на македонските институции. Тоа државата нема да може да го издржи, а одговорноста ќе биде нивна – изјави Стоилковски.
Според него, Македонија нема да стане членка на ЕУ се додека не биде санкциониран рекетот по принцип „евро за Вицето – евро за црквата”.
-Македонија не е, ниту смее да стане уште едно евро за поктусурување во матните зделки на Заеви-истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.