Според долгогодишниот бугарски дипломат Мирослав Зафиров
Долгогодишниот бугарски дипломат и експерт за Блискиот Истои и Израел, Мирослав Зафиров, во анализата за бугарскиот медиум „БГНЕС“ вели дека бугарските позиции во однос на Македонија биле одбранети од група професионални дипломати, а не од гласните изјави на бугарските политички лидери.
Зафиров посочува дека идниот мандатар на бугарската влада не треба да заборави дека политиката на Бугарија кон Македонија во сегашната форма е творба на бугарските дипломати. Притоа тој посочува дека Македонија и некои други балкански држави во преговорите со Бугарија не биле подготвени да дадат гаранции и се воделе од личните и надворешно политичките идеологии.
– Тоа што претставникот на РСМ буквално си дозволи да го расветли името на нивниот посакуван кандидат е проблем и треба да биде црвен сигнал за скопскиот поглед на она што се случува во Софија. Ова не само што го издава ставот на Скопје кон она што се случува во Бугарија, туку и директно посочува што очекува Скопје од идната бугарска влада. Тоа е апсолутно неприфатливо од гледна точка на заштита на националниот интерес – вели Зафиров во својата анализа за БГНЕС.
Тој го критикува и ставот на Кирил Петков дека проблемите со Македонија ќе бидат решени преку соодветните комисии. Според бугарскиот дипломат, острите пресврти во надворешната политика, особено за прашања кои имаат парламентарно единство, нема да бидат во полза на заштита на бугарските државни интереси.
Надворешната политика треба да биде конзистентна и доколку луѓето кои ја преземат власта во Бугарија не ги разбираат основните принципи на надворешната политика, кои се вградени во бугарскиот устав, тогаш тие треба да ги запознаат подобро, заклучува Зафиров за „БГНЕС“.