Бугарија е осамена во блокадата, а блокирањето е тешка грешка чија цена ќе се одрази врз безбедноста и на Западен Балкан и на Европа, смета германскиот министер за Европа, Михаел Рот, додавајќи и дека билатералните прашања на една земја го блокирале проширувањето на Европската Унија.
– Ќе разговараме за проширувањето на ЕУ. За жал досега не успеавме да го исполниме напредокот за кој самите веќе се усогласивме. Во позадина стојат билатералните барања на една земја-членка кон која другите 26 не можеа да се приклучат – истакна Рот, во изјавата што ја пренесе „Дојче Веле“ на македонски јазик.
Рот нагласи дека денеска на дневен ред повторно ќе ја стави темата за проширувањето на ЕУ, и покрај неуспехот.