На предвремените парламентарни избори СДСМ извојува победа и во Битола.
Според изјавата на локалниот лидер, Златко Ќурчиевски, СДСМ во Битола оствари победа која изнесува околу 1.063 гласови разлика.
Имено СДСМ и коалицијата „Можеме“ освоија 19.535 гласови, додека ВМРО ДПМНЕ со неговите коалициони партнери освоија 18.467, што е еден од најслабите резултати досега во Битола.
Ќурчиевски не ја пропушти приликата да им се заблагодари на сите жители на Општината Битола, затоа што тие овозможија овие избори да поминат на најдабар, фер и демократски начин. Тој упати честитка и до градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, бидејќи според него превдремените парламентарни избори повќе наликуваа на локални, отколку на парламентарни.
– Со тоа докажавме дека Битола е на висината на задачата како што и секогаш била – рече Златко Ќурчиевски претседател на Општинската организација на СДСМ во Битола, кој упати честитки и до сите коалициони парнери на коалицијата „Можеме“.
Во својата изјава за меидумите градоначалничката на Битола, Наташа Петровска нагласи дека е задоволна не само од изборните резултати, туку и од тоа како помина изборната кампања.
– Резултатите сами по себе си кажаа дека граѓаните умеат да го ценат она што е направено, умеат да ги поддржат политиките кои што покажаа перспективност и поместување на нештата во насока на подобар живот за сите граѓани , изјави по вчерашната победа, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. М.М.