Претседателот на ДУИ Али Ахмети, му испрати честитка на новиот претседател на САД, Џо Бајден по финалната потврда за неговата победа од страна на американскиот Конгрес.
– Волјата на народот не може да се негира и владеењето на правото сепак триумфира, без оглед на непосредните и моментни предизвици за демократијата – пишува Ахмети.
Тој во својата честитка нагласува дека нашата земја останува посветена на продлабочување на стратешкото партнерство со
САД.
– Една силна Америка значи и поголема гаранција за поправеден и побезбеден свет . Верувам дека претседателот Џо Бајден, како и Конгресот ќе продолжат да придонесуваат за поддршка на соработката меѓу Република Северна Македонија и САД и ќе продолжат да ја поддржуваат интеграцијата на нашата земја во Европската Унија – вели лидерот на ДУИ.
Воедно, Ахмети изразува надеж дека новата администрација на Белата куќа ќе помогне во процесот на дијалог меѓу Косово и Србија.
– На претседателот Бајден му посакувам добро здравје и со среќа да го дочека 20 јануари, денот кога ќе даде свечена заклетва и ќе ја преземе функцијата – пишува претседателот на ДУИ.