Полициски службеници од хеликоптерската единица при МВР денеска безбедно евакуирале повредено лице на падините на планината Јабланица, струшко, заедно со тим од САЕ „Тигар“.
МВР соопшти дека по претходно добиено барање за преземање на активности во врска со спасување на повредено лице на падините на планината Јабланица, полициските службеници од хеликоптерската единица заедно со тим од САЕ „Тигар“, со хеликоптер се упатиле на одредената локација за спасување на лицето.
– По пристигнување на посочениот терен и прецизно лоцирање на повреденото лице истото беше безбедно евакуирано од страна на полициските службеници и транспортирано до Меѓународниот аеродром „Св. апостол Павле“ во Охрид, од каде што беше преземено од Итна медицинска помош и транспортирано за натамошно укажување на лекарска помош- се навдува во соопштението.