Фото: М.Т

Министерство за енергетика поднесе Иницијатива за заштита на македонскиот рубин.

Како што информира денеска министерката Сања Божиновска, целта е рубинот да добие официјален статус како национално минерално наследство и правна заштита на потеклото.

Овој рубин од цела Европа го има само кај нас. Нус производ е од мермерот и засега се продава како дел од накит.

– Сметаме дека рубинот треба да се заштити, од него да направиме бренд по кој ќе бидеме препознатливи – истакна министерката на брифинг со новинарите.