Традиционален божикен ручек за државниот врв приреди поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, по повод божикните празници и својот именден, денеска на трет ден Божиќ, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.
Како што соопштија од МПЦ-ОА, на божиќната трпеза присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, како и Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Претседателката Гордана Силјановска Давкова на Фејсбук напшиша дека на поглаварот му посакала добро здравје, духовна сила и долг век во служењето: во мир, со мудрост и човекољубие, водејќи ја Црквата по патот на слогата, дијалогот и духовното издигнување на народот.
– Должни сме да ги негуваме вредностите што нè поттикнуваат да бидеме хумани, одговорни едни кон други и сплотени околу заедничкото добро и иднината на татковината – се наведува во информацијата за божиќниот ручек.
































