Во водите на каналот „Студенчишта“ во Охрид, утрово, било пројандено починато лице.
СВР Охрид денеска соопшти дека станува збор за Д.Р. (76) од Охрид, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги.
– Денеска во 7 часот и 38 минути во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта“ во Охрид бил пронајден починат Д.Р.(76) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт, без видливи траги на насилство – стои во информацијата.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.