Во Општата болница во Куманово синоќа починала 31-годишна родилка, информираае денеска Министерството за внатрешни работи, Општа билница „Куманово“ и Јавното обвинителство. Според податоците од полицијата во Куманово, синоќа во 21.35 часот директорот на болницата пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата починала 31-годишна родилка од Куманово, по што увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, а телото на починатата било дадено на обдукција.
Новороденчето со екипа од кумановската болница било префрлено на ургентен центар на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.
– Бебето е извадено живо и е итно однесено на ургентен центар на детската клиника, проследено целиот пат од наш неонатолог кој бил дежурен – изјави директорот на кумановската општа болница, Стефан Трајановски.
Според директорот Трајановски, Обвинителството повело истрага и обдукцискиот наод ќе ги покаже причините за смртта на родилката, а доколку има лекарска грешка, Трајановски најави и професионална одговорност.