Велибор Џаровски – Џаро почина денеска на 75-годишна возраст, по кусо боледување.
Џаровски важеше за еден од најпознатите менаџери на просторите на поранешна Југославија, при што соработуваше со најголемите естрадни ѕвезди, организирајќи бројни концерти и турнеи во кариерата долга над три децении. Меѓу нив се издвојуваат Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Тереза Кесовија, Оливер Драгојевиќ, Лепа Брена, „Бијело дугме“, Маја Оџаклиевска…
Тој беше познат и по поврзаноста со наместени фудбалски натпревари на овие простори, за кои отворено зборуваше во повеќе наврати.
Неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска, ја напиша книгата „Џаро – живот на коцка“, посветена на животот на Џаро.