Професорот по кривично право Ѓорѓе (Ѓорѓи) Марјановиќ почина на 82 годишна возраст.
Марјановиќ беше професор по кривично право, почесен претседател на Лигата за демократија и дисидент од времето на комунизмот. Познат е по своите колумни во весникот „Дневник“, а по локалните избори 2005 година е советник во Советот на град Скопје.
Марјановиќ предаваше Кривично право и ќе остане запаметен по борбата за столче повеќе во преполните амфитеатри кога тој држи час.
Марјановиќ дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962.
Магистрирал на постдипломските студии по казнено-правни науки на Правниот факултет во Загреб во 1968 со тезата: „Правните последици на осудата”.
Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1973 со тезата „Правната положба на осуденикот по издржаната казна”.
Сиот работен век, освен приправничкиот стаж (1962-1964) во Основниот суд-Скопје II, го поминал на Правниот факултет во Скопје: асистент (1965-1974); доцент (1974-1979); вонреден професор (1979-1985) и редовен професор (1985-2001).