На 63-годишна возраст денеска по кратко и тешко боледување почина политичкиот аналитичар и колумнист Агим Јонуз.
Јонуз беше активен учесник во политичкиот живот, беше поранешен советник на претседателот на Собранието Љубчо Јордановски, и на поранешниот премиер Владо Бучковски, како и портпарол на владата.
Тој беше активен во политичкиот живот во земјава и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре (недела 26 октомври 2025 година), на гробиштата во Бутел.





































