Владимир Блажев – Панчо, членот на дуото ДНК кој беше сериозно повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, починал утрово во 10 часот, по долго болничко лекување.
Панчо извесно време бил во кома, а имал и тешки изгореници на лицето и на рацете.
Во пожарот во кочанската дива дискотека „Пулс“ на 16 март загинаа 63 лица и 200 беа повредени. Првично меѓу загинатите беа осум члена на групата ДНК.
Загина вокалот Андреј Ѓорѓиески, музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо и Александар Ефремов, фотограф на ДНК.