На 60-годишна возраст, почина долгогодишната новинарка и одговорен уредник на Сателитскиот Сервис на МТВ1, Јулијана Тануровска.
Тануровска целата своја новинарска кариера ја посвети на МРТВ, и како репортер и како уредник во информативната програма и на Сателитскиот сервис, детално и со прецизен новинарски израз обработувајќи ги темите, во најголем дел од сферата на образованието и на црквата.
Погребот ќе се одржи в недела на Градските гробишта во Бутел.