Новинарката Анета Ѓошевска почина вчера. Родена е во Скопје во 1978 година.
Средно образование заврши во гимназијата Јосип Броз Тито, а студираше на правниот факултет во Скопје, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Речиси целиот свој работен век го помина во редакцијата на „Вечер“ во културната и забавната редакција, а неколку години работеше и за странска компанија.
Посмрните останки ќе бидат изложени денес во 12:30 часот во капела на градските гробишта Бутел, додека погребот ќе биде извршен во 13:30 часот на гробиштата во Бутел.