Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов потврди дека Игор Југ, еден од осудените за случувањата во Собранието на 27 април, починал синоќа на 54-годишна возраст, пренесува МИА.
Дел од медиумите објавија дека Игор Југ барал повторување на постапката, но Кривичен суд утрово ја демантираше таа информација. Оттаму информираа дека до Кривичниот совет не е доставено барање за повторување на постапката.
– Заради повеќе медиумски објави како и новинарски прашања кои утрово беа доставени во судот, ја информираме јавноста дека: Во однос на лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот со КОК .бр. 40/18 за настаните кои се случија во Собранието на РСМ од правосилноста на пресудата, па се до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје НЕ е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката – велат оттаму.
Југ беше осуден на 12-годишна казна затвор за случувањата во Собранието на 27 април.