Во Битола на 79 годишна вораст почина познатиот битолски и македонски карикатурист, Спиро Џајко.
Спиро Џајко зад себе има исклучително богата кариера како карикатурст. Тој долги години црташе за „Битолски весник“, во кој секоја среда ја црташе „Дежурната карикатура”.
Покрај за „Битолски весник“ тој црташе и за други весници во Македонија. Своите први карикатури ги објави пред пеесетина години во хумористично сатиричниот весник “Остен” и во првиот македонски дневен весник „Нова Македонија“.
Спиро Џајко соработуваше и со весници од соседните земји и од Европа.
Тој беше карикатурист со чист и изграден цртеж, со свој оригинален стил .
Автор е на илјадници карикатири објавени во „Битолски весник“, „Остен“, „Нова Македонија“ и „Без навреда” .
Застапен е и со стрип карикатури во Едицијата за стрип од Горни Милановац.
Џајко исто така пишивал и афоризми, а се занимавал и со вајарство, но неговите вајарски надреалистички дела никогаш јавно не ги изложил.
Беше член на Здружението на карикатуристи на Македонија и добитик е на награди на светската галерија.
Зад себе остави силен печат во современата македонска политичка и еротска карикатура.